07.05.2021

Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур

КУП 2021: Изјави по натпреварот Баскет Кам 2011 – Вардар (ВИДЕО)

Баскет Кам 2011– Вардар 95-59

 

 

Јордан Цветановски, тренер Баскет Кам 2011
„Голема благодарност до Кошаркарската Федерација за организацијата на овој турнир во вакви тешки и специфични услови. Би им честитал на четирите екипи за ферплеј играта. Ова за нас е најголем успех во историјата на клубот па затоа оваа победа ни е од огромно значење. Се надеваме на добар натпревар во утрешното финале и дека ќе го покажеме целиот наш квалитет кој го поседуваме. Бадел е многу квалитетна екипа, најтрофеен клуб во Македонија. Мислам дека утре ќе ’решава’ моменталната инспирација и желба за победа и за освојување на купот.“

Јелена Антиќ, тренер Вардар
„Прво сакам да им честитам на екипата Баскет Кам, заслужена победа. Им честитам и на нашите девојки за кои сметам дека дадоа максимум од тоа што можат да пружат. Мора да разбереме дека екипата на Вардар оваа година е доста помлада од Баскет Кам. Како и да е, мислам дека овој резултат не е објективен, но тоа е што е. Им посакувам многу среќа во финалето, а на нашите девојки им посакувам да се одморат и да се подготват за натпреварите што следат – повторно со Баскет Кам во плејофот. Ќе видиме што можеме да промениме во однос на нападот и на одбраната. Факт е дека противникот е физички подоминантен од нашата екипа. Ќе видиме што можеме да направиме, да пружиме подобра игра. Финалето ќе биде добар натпревар, со среќа нека им е и на двете екипи и нека победи подобриот.“