14.05.2021

Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур

КУП 2021: Изјави по натпреварот Еуро Никел 2005 - Гостивар

Еуро Никел 2005 - Гостивар 84-75

Горан Самарџиев, Тренер, Еуро Никел 2005

„Прво би сакал да му ја честитам победата на мојот тим. Се подготвувавме за овој натпревар доста време, имавме доста за тоа бидејќи не игравме заостанати натпревари како Гостивар. Резултатот вели дека натпреварот го добивме лесно, но тие 30 поени предност што ги имавме не ги стигнавме така лесно. Потрошивме доста сили, но професионалци сме и утре ќе излеземе на терен, ќе дадеме максимум од себе. Имавме мал пад во играта бидејќи се опуштивме и мислите веќе ни беа насочени кон полуфиналето. Утре очекувам борба и да се покажеме во најдобро светло. Спортот е таков.“

 

Александар Јончевски,Тренер, Гостивар

„Сакам да им честитам на момците од Еуро Никел. Ние имаме екипа што се храни со лесни кошеви, со напад кој добива енергија. Вечерва воопшто не ни одеше шутот од далечина, 1/19 имавме за три поени на крајот на ¾ за што доказ се и сите поени од отворени шутеви. Потфрливме и во одбраната. Со оглед на скратената ротација, капитенот ни се повреди ден пред натпреварот, не ни можевме да притиснеме нешто повеќе. Овој резултат не е реална слика на натпреварот. Во среда повторно играме со истиот противник, ме плаши тоа дали ќе имаме доволно играчи, но мислам дека подобро ќе одговориме“