14.05.2021

Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур

КУП 2021: Изјави по натпреварот МЗТ Скопје Аеродром - Куманово 2009

МЗТ Скопје Аеродром - Куманово 2009 100-84

Дарко Радуловиќ, тренер, МЗТ Скопје Аеродром

„Знаев дека ќе биде тежок натпревар, во два наврата Куманово во првенството ни правеше проблеми, но успеавме да го искористиме тоа искуство. Кога паднавме малку во играта успеавме да погодиме неколку важни шутеви и ја поддржавме разликата која цело време беше во наша корист. Им честитам на Куманово за борбата, покажаа дека се зрели и дека можат да се вратат, а ние продолжуваме утре. Искрено, не сме се подготвувале за ниту еден противник освен Куманово. Можеби сме фаворити, но видовте дека се може да се случи. Наша предност е долгата клупа, мора да го искористиме тој адут. “

Игор Ѓорѓиевски, тренер, Куманово 2009         

„Пред сè мислам дека лошо го отворивме натпреварот. Не се почитуваа договорите од тренинзите. Во второто полувреме влеговме со задача да се вратиме во игра според договореното, стигнавме и до два разлика, но уморот си го даде своето. Немавме доволно играчи за ротацијане и конечниот реултати е таков.