Навико Академија ФМП - МЗТ Скопје Аеродром 72-92
Александар Петровиќ, тренер, Навико Академија ФМП
„Не одговоривме на нивната преагресивна добрана, немавме течност во нападот, не одеше ’пасот’ и да кажам дека можеби изгоревме во желбата да изненадиме уште еден противник. Им честитам на моите момци за одличното претставување на клубот во Купот. Нема да се предадеме понатаму, нема што да изгубиме. Ова е млад тим, немавме доволно расположени играчи. Презадоволен сум од нивната работа во текот на сезоната. Следно одиме во Битола и продолжуваме понатаму, без предавање.“
Дарко Радуловиќ, тренер, МЗТ Скопје Аеродром
„Да им честитам на ФМП за нивниот историски успех, покажаа дека имаат квалитет. Добро започнаа, но ние успеавме да ја смениме насоката во која нас ни одговара. Поправивме некои сегменти каде што грешевме вчера. Две исклучително искусни екипи и која и да победи утре ќе гледаме квалитетно финале. Јавноста секогаш сака дерби, наше, а и спортски е да се подготвиме најдобро што можеме и да бидеме подобри и од денес. Имаме долга клупа и квалитет, ако сите си ја работат улогата може да бидеме закана за сите.“