14.05.2021

Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур

КУП 2021: Изјави по натпреварот Пелистер - Навико Академија ФМП

Пелистер - Навико Академија ФМП 98-100

Александар Петровиќ, тренер, Навико Академија ФМП
„Сигурно дека имаше и некое потценување од страна на противникот што се должи на двете нивни победи во првенството досега. Момците дадоа срце, изгоревме на терен и заслужено победивме. Тоа што претходно се договоривме го исполнивме, го исконтролиравме нивниот скок, ја запревме транзицијата, имавме контрола во нападот, а и контрола над резултатот. Им честитам на Пелистер за борбата, сигурно и тие да победеа ќе беше заслужено. Ова е една е нашите најдобри партии оваа сезона. Сега следува да се смириме, да одмориме и со ладни глави да одиме во нова победа.“