Работнички - Еуро Никел 2005 85-79
Димитар Мираковски, тренер, Работнички
„Можам да го поделам натпреварот на два дела. Првото прво полувреме каде немавме агресивност, немавме функционална одбрана и притисок на топка, примивме 40 поени. Во второто полувреме зголемивме на агресивност, притиснавме предна линија, центрите притиснаа како што треба и дојдовме до резултатот на крај. Играчите сфатија дека ова е Куп и дека секој ја гледа својата шанса. Овде има квалитетни екипи, најквалитетните во лигата. Лесно нема да ни биде, меѓутоа играчите мора да бидат свесни дека се работи за финале, се дава се од себе и буквално се гине на теренот. На 40 минути сме од трофејот. “
Горан Самарџиев, тренер, Еуро Никел 2005
„Мојот тим покажа една храбра борба и на тоа сум горд. Видовте крајно изедначен ова според мене е како финале. Сега сум полн со емоции и нема да коментирам како гледам на натпреварот. Влеговме рано со лични грешки, но машки издржавме и се боревме до крај. Ова беше еден дерби натпревар. Сега останува да се рехабилитираме после поразот и во среда да играме добра кошарка против Гостивар во плејофот. На добар пат сме.“