14.05.2021

Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур

КУП 2021: Изјави по натпреварот Работнички - ТФТ

Работнички - ТФТ 66-62.

Димитар Мираковски, тренер, Работнички

„Тој што разбира кошарка разбира како е, знаеме каков противник имаме, честитки за енергијата со која играат ТФТ. Имавме мал проблем и со ротацијата, ограничен е бројот на странски играчи, ание кубуриме и со повреди на домашните. Бевме подготвени на се, но ни ’затаи’ реализација. Играчите покажаа карактер и дека можат да играт дефанзивно и тука го добивме натпреварот. Мислам дека овој прв натпревар секогаш е најтежок и психолошки, од утре натаму ќе играме подобро. Не нè интересира кој е вториот противник. “

 

Боро Смилковски, тренер, ТФТ

„Пред се честитки за победата на противникот. Заслужено во секој случај. клише е еда се каже, но навистина една топка решаваше на крајот. Пократката клупа поради кај нас повредите на Митревски и Зафиров можеби пресудија, на моменти некоја свежина и некои грешки. Во секој случај, игравме машка кошарка и со срце и не можам да бидам незадоволен. Видовме дека можеме, па ќе го поправиме впечатокот од среда па натаму во плејофот“