Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја мина првата пречка на патот кон трофејот во Купот „Благоја Герогиевски Буштур“. Во последниот четвртфинален меч петочната програма на турнирот во СРЦ „Кале“, аеродромци беа подобри од Куманово.
Уште во првата фаза имаа плус 16.поени. Му дозволија на противникот пред крајот на натпреварот да дојде и на негатива од два поени. Но се некако дојде на свое место во последните три минути.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009 100:84
По три минути од играта, МЗТ Скопје Аеродром поведе со (11:2), сличен беше резултатот и во наредните три (14:5).
Со зонска поставка во одбраната „металците“ го пореметија нападот на Куманово. Останаа кумановци на само шест реализации во нецели девет минути.
Во меѓувреме, екипата од Аеродром уште во таа воведна фаза од четвртфиналето веќе имаше 22, за висок плус од 16.поени.
Две лоши одбрани ги чинеа скопските „сино-бели“ две тројки, и намалување на разликата на (24:13) на крајот на првиот период од овој последен четвртфинален дуел.
Куманово „се симна“ на едноцифрена негатива (29:21) по скоро четири минути. Се разгоре играта на теренот, се покачи и процентот на реализирани напади на двете страни од теренот.
Подобри беа кумановци, кои намалија и на достижни (31:36). Но не за долго, затоа што со серија од (9-2), МЗТ Скопје Аеродром одново се одвои на сигурни (45:33) на влезот на последните две минути од првото полувреме. А во нив дополнија за уште повисоки (50:35), или оние кои ги имаа уште во првите минути од четвртфиналето.
Бојиќ реализираше 10.поени, по девет стоеја зад презимињата на Крстевски и Гравет. На другата страна, кумановската, Ливингстон даде 11.
Второто полувреме не донесе некои сериозни промени во поставеноста на играта, и она што е посебно важно – резултатот.
Куманово се обидуваше да ја стигне високата негатива, но МЗТ Скопје Аеродром пронаоѓаше решенија таа да биде изразена со 15 и повеќе поени.
На средина на третата четвртина имаа (66:49).
Сепак, кумановци немаа намера така лесно да се откажат од учеството на финалниот турнир. До крајот на овој трет дел од играта, стигнаа и до тоа како достижни (67:73), и го оставија последното четвртфинале за „отворено“.
Возбудувањата продложија и во четвртиот дел во кој по поените на Марковски, Куманово 2009 заостануваше само два поени (77:79), а за игра останаа 6:42 минути.
МЗТ Скопје Аеродром одговори со серија од шест поени, за (85:77). А точка на победата вредна полуфинале, и меч со Навико ФМП Академија, утре од 17.часот, стави капитенот Стојановски.
Во избалансираната поделба на поените кај победникот, Стојановски заврши со 20.реализации, Гравет имаше 16, Бојиќ 15, Крстевски 13, а Мекиќ уште 10.поени.
Кај Куманово 2009 пак, далеку најдобар на листата на стрелците, со 27.поени, беше Ливингстон. Марковски даде 15, а Глигоријевиќ уште 12.поени.
Недоволно за премин во полуфиналето.