12.05.2021

Куп 2021, Благоја Георгиевски Буштур

Куп 2021: Мислите на Гостивар насочени кон недела - имаме квалитет за да го кренеме пехарот

Еуро Никел 2005 ќе се пресмета со Гостивар во рамки на третиот четвртфинален дуел од Купот Благоја Георгиевски Буштур. Дуелот е закажан за во 17:00 часот.

Александар Јончевски, тренер, Гостивар
„Ја поздравувам идејата и одлуката овој Куп да прерасне во традиција со ликот на Благоја Георгиевски Буштур. Директорот кажа дека е чест да се носи тоа име, но претставува и обврска за сите нас да прикажеме добра игра. Се работи за специфично натпреварување. Тука предност ќе дадам на оние екипи кои имаат поширока клупа и на оние кои имаат македонски играчи во своите состави. Ги издвојувам МЗТ со шест репрезентативци, но не сакам да ги исклучам и играчите на Гостивар кои се поранешни репрезентативци кои верувам дека не го кажале последниот збор. Нормално се подготвуваме за Еуро Никел, немавме многу време за тоа од одигрување на последниот важен натпревар кој одлучуваше распоред на табела, но што е тука е. Мислиме дека, веруваме дека, можеме да направиме добар резултат, добра игра и секако пехар. Ќе биде тешко, но Гостивар во оваа сезона победи кој било противник така што со право веруваме дека можеме да го кренеме пехарот во недела“

Александар Костоски, капитен, Гостивар
„Околу натпреварот против Еуро Никел, имавме веќе две победи против нив во регуларниот дел, но искуствата во Купот велат нешто друго. Посветуваме повеќе време на детали овој период, детали кои ќе ни бидат важни на натпреварот. Се надевам на добра игра, да гидочекаме и сабота  и недела.“