Последниот натпревар на агендата за в петок е дуелот помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Куманово 2009. Натпреварот ќе започне во 19:30 часот.
Дарко Радуловиќ, тренер, МЗТ Скопје Аеродром
„Во однос на натпреварот во четвртфиналето, нашиот фокус во моментов е само Куманово. Видовме пред само една седмица дека станува збор за исклучително енергична екипа која може да се натпреварува на секое ниво со секој противник. Ни покажаа и на нас во нашата сала, видовме дека се квалитетни и нашиот фокус е на нив. МЗТ како екипа и како ростер секогаш ќе настојува да атакува на титула, но мораме да одиме чекор по чекор. Се надевам на успех во тој натпревар, а потоа и на успешна подготовка за секој нареден. Искрено верувам во квалитетот на нашите играчи кои изинатиот период покажаа едно високо ниво на квалитет на теренот, со агресивност, работа и брзина. Имаме шест репрезентативци, имаме квалитетни странски играчи и сметам дека со право носиме една од фаворитските улоги – и како задоволство и како товар. Носиме обврска да ги напаѓаме пехарите и се надевам дека пехарот ќе го крене екипа со дрес во сино-бела комбинација“
Дамјан Стојановски, капитен, МЗТ Скопје Аеродром
„Мислам дека на Куп-натпреварите нема фаворит и не секогаш победува фаворитот. Ние како МЗТ имаме обврска да го дадеме максимумот на секој натпревар. Во моментов се подготвуваме против Куманово, се надевам на победа, а понатаму ќе видиме ко кого би играле“
Дарко Петковски, помошен тренер, Куманово 2009
„Куманово имаше напорна сезона со оглед на тоа дека се натпреварувавме и во Балканската лига. Пред почетокот на Купот, како што кажа и Даре, се подготвуваме само за МЗТ. Очекуваме добра игра, претходните два натпревари во сезоната ги добивме со 1-1. Ќе се сложам дека пехарот ќе го крене екипа со сино-бела комбинација. Ќе ветам добра игра од наша страна и нека победи подобриот “
Александар Андрејевиќ, капитен, Куманово 2009
„Можам само да ветам пред играчите дека ќе дадеме се од себе и ќе вложиме максимални напори против МЗТ, ако е доволно за победа тогаш супер. Не чувствуваме притисок, но имаме високи амбиции и се надевам дека ќе стигнеме до недела.“