15.05.2021

„Металците“ беа многу подобри во полуфиналето против Навико Академија ФМП (92:72)

КУП 2021: МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својот десетти трофеј

МЗТ Скопје го играше своето 23, а Навико ФМП Академија првото полуфинале во својата историја на постоење.

Доволна смерница како двата полуфиналисти на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ го дочекаа вечерашниот дуел во СРЦ „Кале“.

Далеку поискусната екипа, го потврди своето „искуство“ акумулирани низ годините наназад. Доволно да влезе и во 14. финале во кое утре вечер од 17.30 часот ќе се бори за својот десетти пехар во Купот.  

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ  72:92

Мошне мотивирано тргнаа кошаркарите на Навико Академија ФМП во дуелот со големито фаворит. Пред се во заштита на својот кош. Во првите шест минути од првото полуфинале се стекнаа и со предност од (13:8) кошаркарите на Александар Петровиќ.

Но Гравет имаше свои моменти на инспирација и со неговите седум поени,  „сино-белите“ брзо воспоставија рамнотежа во резултатот. По тројката на Магдевски преминаа во водство (18:16), а истиот скор беше и по истекот на првата четвртина.

„Тврда кошарка“ се играше и во вториот период од полуфиналето. Со шест по ред поени, МЗТ Скопје Аеродром се одвои и на двоцифрени (26:16), кои и го натераа Петровиќ, по само три минути, „празни“ за Навико Академија ФМП, да побара тајм-аут.  

Имаше фаворитот и водство од (31:20), потоа и (35:23). Но следуваа неколку одлични соло-изведби на Херис, кој не дозволи неговиот тим да влезе во уште поголем минус. Напротив, ја симна разликата на едноцифрена (29:35), на минута и пол до крајот на првото полувреме. Период во кој Крстевски со четири поени, ја врати двоцифрената предност за екипата од Аеродром (39:29).

Период од играта во кој Бојиќ имаше 12. реализации кај МЗТ Скопје Аеродром, додека ист број на поени на спротивната страна запиша Крстајиќ.

Третата четвртина беше репризна за „академиците“ на онаа втората. Повторно нецели три минути останаа без поени, и влегоа во негатива од 15.поени (29:44).

По серијата (12-3), реализирана во пет минути, екипата од Аеродром имаше и 19 поени предност, (51:32). А по тројката на Николов, фаворитот отиде уште подалеку, (56:35) на патот кон ново чество во финалето, и битка за десеттиот куп-трофеј.