13.05.2021

...

КУП 2021: Општи информации за финалниот турнир „Благоја Георгиевски – Буштур“

Кошаркарските судии и делегати треба да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата на РСМ кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот COVID-19.

При доаѓање во спортскиот објект, службените лица доаѓаат еден (1) час пред натпревар, облечени во одела и задолжително мора да носат заштитна маска.

Сите службени лица лица кои ќе бидат присутни на натпреварот/ите должни се за времетраење на истиот/те задолжително да носат заштитна маска, освен кошаркарските судии на терен.

Влезот и излезот за службените лица, тунелот за излегување, се одвоени излези/влезови, со цел задржување на препорачаното физичко растојание со другите учесници и почитување на одредбата за негрупирање.

Натпреварите се организираат без присуство на публика.

Мерење на телесна температура со безконтактен топломер ќе биде направено пред влез во објектот. За лицата кај кои ке се утврди покачена телесна температура над 37.2 (и по второ мерење), како и на лицата кои ќе одбијат мерење на температура ќе биде забранет влезот во спортскиот објект.

Службените лица ќе користат соблекувални и треба да внимаваат на хигиената во истите.

Доколку службените лица сакаат да останат и да гледаат друг натпревар, тоа мора да го најават. Местото од каде ќе можат да ги следат другите натпревари дополнително ќе биде утврдено.

Организаторот ќе достави список на сите службени лица делегирани за Куп-натпреварите на редарската служба одговорна за влез-излез од спортската сала.

Зони во спортскиот објект

Просторот на спортскиот објект е поделен во 3 зони. Службените лица ќе можат да ги користат зоните 1 и 2:

- Зона 1 - терен и околу теренот, тунел за излегување на терен, соблекувални, ходници, амбуланта и останати простории кои непосредно ги користат играчите и службените лица.

- Зона 2 - трибини, простор за медии, контролни соби и станици и останатите внатрешни простории во спортскиот објект.

Секоја од трите наведени зони претставуваат физичка одвоена целина и сите се одделени една од друга.