Мал поглед и на историјата на натпреварувањето кое барем некогаш важеше како најмасовното, не само кај нас, нашето опкружение, туку и во европски рамки.
Од пред неколку години прифатено е „правилото“ дека на завршниот турнир треба да учествуваат најдобрите осум (евентуално четири) прволигашки екипи по првиот дел од шампионатот.
Оттука, од петок до недела осум екипи ќе тргна во битките за трофејот, кој од оваа година ќе го носи името на големата македонска кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски Буштур.
Што вели историјата?
Вели дека екипата на Работнички е најтрофејната низ овие 27. одиграни завршници од националниот Куп.
Клубот од „Градски Парк“ има освоено десет трофеи во ова натпреварување.
Првите две, во 1993 и 1994 година, како Годел Работнички, третата, под истото име и во 1998 година. „Црвено-белите“, но сега како Фершшед Работнички, остварија четиригодишна доминација во периодот од 2003 до 2006 година. Потоа следуваат уште три успеси во 2011, 2015 и 2019 година, за прв пат под она оригинално име - Работнички.
Само еден трофеј помалку има нивниот најголем конкурент во трката за титулите – МЗТ Скопје.
Клубот од Аеродром својата прва Куп-титула ја освои во 1996, а ја репризираше и наредната, 1997 година. „Сино-белите“ го повторија истото остварување и во 1999 и 2000 година.
А потоа мораше да чекаат цели 12. години, поточно до 2012 година, за да го вратат преодниот пехар, тогаш на „Вечер“, во своите витрини во салата „Јане Сандански“.
„Металците“ беа најдобри и во наредните две години, 2013 и 2014, а својата доминација во оваа втора декада ја потврдија и со освојување на трофејот во 2016 одосно 2018 година.
Па овој викенд ќе имаат шанса да се израмнат со својот вечен ривал и на вечната листа на најуспешните во ова натпреварување, во кое само уште две екипи може да се пофалат дека победиле повеќе од еднаш.
Тоа се Никол Ферт од Гостивар, кои прославија Куп-титула во 2001 одонсо 2002 година, како и Фени Индустри од Кавадарци кој беше најдобар во 2008 и во 2010 година.
Меѓу титуларите, со свое место во историската Куп-читанка, се и Деликатес од Кочани (1995), Вардар Осигурување (2007), АМАК-СП – Охрид (2005) и Карпош Соколи 2000 (2017 година).
Историјата вели дека главниот град – Скопје, бил домаќин на десет завршни турнири. Овој кој стартува денеска, ќе биде по пауза од пет години (ланскиот, поради пандемијата на Ковид-19, не беше одржан).
Од таа гледна точка, Кавадарци, односно салата „Јасмин“, ја добиле довербата на федерацијата пет пати да бидат улога на носители на куп-активностите. Еднаш помалку во организаторска улога и настан бил Охрид, односно СРЦ „Билјанини извори“.
Финалето на Купот на Македонија во два наврати се играше и во Гевгелија, во 2016 година и она последното, во 2019. А на листата на градови организатори-домаќини по еднаш биле и Гостивар, Кочани, Радовиш, Виница, Струмица и Битола.
Во недела навечер го чекаме победникот на 28. издание од националниот Куп...
КОШАРКАРСКИ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР“- МАЖИ
ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ И ФИНАЛИСТИ
(година на одржување, град, шампион - вицешампион)
1993 година (прв по осамостојување), Кочани, Годел Работнички – Кочани Деликатес
1994 година, Гостивар: Годел Работнички – МЗТ Хепос
1995 година, Скопје: Деликатес – МЗТ Хелос
1996 година, Скопје: МЗТ Скопје – Годел Работнички
1997 година, Радовиш: МЗТ Скопје – Тиквеш
1998 година, Кавадарци: Годел Работнички – Орка
1999 година, Кавадарци: МЗТ БОС Скопје – Никол Ферт
2000 година, Скопје: МЗТ Скопје – Годел Работнички
2001 година, Охрид: Никол Ферт – Работнички
2002 година, Охрид: Никол Ферт – Фершпед Работнички
2003 година, Скопје: Фершпед Работнички – МЗТ Аеродром 2000
2004 година, Скопје: Фершпед Работнички – Неметали Огражден
2005 година, Скопје: Фершпед Работнички – Вардар Осигурување
2006 година, Струмица: Фершпед Работнички – Вардар Осигурување
2007 година, Битола: Вардар Осигурување – Струмица 2005
2008 година, Кавадарци: Фени Индустри – Струмица 2005
2009 година, Охрид: Амак СП – Свислион Пелистер
2010 година, Виница: Фени Индустри – Торус
2011 година, Скопје: Работнички – МЗТ Аеродром
2012 година, Скопје: МЗТ Аеродром – Фени Индустри
2013 година, Скопје: МЗТ Аеродром – Куманово 2009
2014 година, Охрид: МЗТ Аеродром – Лирија
2015 година, Скопје: Работнички – Кожув
2016 година, Гевгелија: МЗТ Аеродром – Карпош Соколи
2017 година, Кавадарци: Карпош Соколи – Фени Индустри
2018 година, Кавадарци: МЗТ Аеродром – Работнички
2019 година, Гевгелија: Работнички – Блокотехна
2020 година, Купот не е одржан
2021 година, Скопје: ???