18.02.2022 „Немаме време за изговори, нè чека работа во пренството“ – порачува шефот на струката на Еуро Никел 2005 по елиминацијата Патот на Еуро Никел 2005 во ова издание од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ траеше само до четвртфиналето. За разлика од лани, кога се бореа за пехарот, кавадарчани беа запрени од Навико Академија ФМП. „Како прво, честитки за Академија ФМП и среќа во понатамошниот настап. Ние одигравме еден слаб натпревар, нашите очекувања беа поголеми од овој пораз. Ние сме искусна екипа, но поранешните репрезентативци на Македонија се во одминати години и не може да очекуваме игри од нив како пред десетина години. Но, немаме време за изговори, не чека работа во пренството. Академија ФМП имаше повеќе желба, ние не ги искористивме нашите високи играчи за играта под кош, беа поагресивни и нивните бекови и тука ја гледам причината за пораз. Ајви и Крстајиќ се играчи кои мораше да ги стопираме, им оставивме простор и тие го искористија“- костатира тренерот Горан Самарџиев по елиминацијата.