18.02.2022

„Работнички се наоѓа во тешка ситуација, но се надевам дека ќе се смени и ќе оди на подобро“ - се надева младиот бек на „црвено-белите“

КУП 2022 - ВИКТОР ЗЛАТЕВСКИ:„Ова е лекција за подобро утре“

Десеткратниот победник во Купот на Македонија и финалист од лани, годинава брзо го заврши настапот во ова натпреварување. Тоа не изненади никого, со оглед на се што се случува во Работнички.

„Ова е лекција за подобро утре. Работнички се наоѓа во тешка ситуација, но се надевам дека ќе се смени и ќе оди на подобро. Донесовме две засилувања кои не успеавме да ги регистрираме за Купот, па верувам дека ќе ги имаме во следниот меч од првенството. Веројатно можевме да одиграме подобро денеска, но одлучи искуството кое секако е на нивна страна“, изјави Златевски.