18.02.2022

„Мораме да коригираме некои работи во одбраната“ – вели првиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром по тешкиот триумф над Гостивар

КУП 2022 – ДАРКО РАДУЛОВИЌ: „Мора да извадиме поуки од овој меч“

МЗТ Скопје со судни маки успеа да се справи со одлично располошенито соства на Гостивар. „преживеја“ шут з побед ана противникот, бранителот на куп-пехарот, и се пласира во следниот круг од натпреварите.

„Мораме да извадиме поуки од овој дуел. Во вториот дел одигравме одлично во одбраната. При наше водство од десет разлика, играчите се опуштија, но иако пред себе имавме шутерска екипа која што ни даде 16 тројки успеавме славиме. Добро е што и на таков процент на погодени тројки на противникот, ние се радуваме на победата. Ова беше прв натпревар и се почувствува тој грч кај кошаркарите. Но мислам дека уште во следниот дуел ќе бидеме уште подобри. Мораме да коригираме некои работи во одбраната, затоа што евентуалниот противник на кој јас сметам дека ќе биде игра идентично како и Гостивар“- анализира Дарко Радуловиќ, шефот на струката на „сино-белите“ од Аеродром.

Бојан Крстевски го потенцира заморот како еден од „противниците“ на неговата екипа.

„Најважно е што победивме, особено на вакви турнири на кои се игра на една победа. Кај нас евидентен е заморот, бидејќи имавме четири натпревари за седум дена, но мора да стегнеме заби и да продолжиме понатаму. Наша цел е освојување на пехарот“- искоментира кратко Бојан Крстевски.