Добрата игра во одбраната, низ целиот тек на натпреварот, одличната соработка на Дамјан и Војдан Стојановски во нападот кај МЗТ Скопје Аеродром, и недоволно број на искусни играчи за вакви натпревари кои ги имаше Феникс 2010, го решија вториот полуфинален меч од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010 76:66
По осум минути игра, веќе беше (24:15) за екипата која го брани куп-пехарот. Доволно за Денис Дервишевиќ, тренерот на Феникс 2010, да го побара својот прв тајм-аут. Не донесе многу промени таа минута, затоа што до истекот на првата четвртина, а по тројката која со звукот на сирената ја даде капитенот Дамјан Стојановски, предноста беше и двоцифрена (27:17).
Продолжи екипата од Аеродром да го „малтретира“ противникот, особено во нападот. Дебитантот во ова натпреварување немаше одговор за напаѓачкиот арсенал на „сино-белите“. И тоа како видливо на резултатот.
Во 12. минута веќе беше (38:21) во корист на фаворитот. Некоја минута подоцна беше (43:27).
Но младиот тим на Феникс 2010 немаше намера да се предаде... Упорно притискаше, успеа да се „спушти“ на -10, (35:45) пред истекот на полувремето. Имаа уште еден поен минус, затоа што Митревски погоди за (37:46).
Трајковски ги донесе „гостите“ и на шест поени негатива (45:51) по четири минути игра во продолжението. Неговиот пример го следеше Дејвис за најкратко резултатско растојание, од три поени (48:51).
Но братскиот двоец кај МЗТ Скопје Аеродром се погрижи фаворитот да има комотни (63:52) по 30.изминати минути од второто куп-полуфинале.
Браќата Стојановски имаа по 12. реализации, на другата Трајковски изброја 14. реализации пред финалните десет минути.
Најголем дел од нив поминаа во „бркање“ на сепак, високата предност која ја имаше фаворитската екипа. „Фениксовци“ стигнаа под десет поени минус, поточно на (66:74), некаде во 29.минута, но им остана малку време дојдат до изненадување. Реално за такво нешто им требаше нешто повеќе во овој за нив прв ваков меч, полуфинале од Купот на Македонија.
Претходно, екипата на ТФТ стана првиот финалист откако убедливо го совлада Навико Академија ФМП (94:72).