20.02.2022

Победникот беше решен во екстра периодот, екипата од Македонска Каменица го победи Бадел 1862 со (64:61)

КУП 2022 – ЖЕНИ – ФИНАЛЕ: Драмата за Баскет Кам 2011, го одбранија пехарот

Мораше да се играат дополнителни пет минути за да го добиеме новиот освојувач на Купот.  

БАДЕЛ 1862 – БАСКЕТ КАМ 2011        61:64

Двете најдобри екипи во овој момент во македонската женска кошарка, прикажаа изедначена игра во уводните минути од финалето. А највисокото водство беше на страната на Бадел 1862, она со кое и заврши прата четвртина (19:13). Одлично отвори двоецот Стојановска-Трајчевска кои реализираа 14. од тие 19. поени за својот тим.

На другата страна Пуљизовиќ и Антиќ заедно имаа 11.

Со серија од седум поени на почетокот на вториот период, бранителот на пехарот го сврте резуптатот на своја страна (20:19). Нешто потоа, екипата од Македонска Каменица имаше и (26:23), кога поентираше Тасевска.

Не застанаа тука девојките кои од клупата ги предводи Јордан Цветановски. Со одлична игра во нападот, изградија и предност од осум поени. По тројката на Алексиќ, беше (33:25), како што стоеше на семафорот во 18. минута од финалето. „Баделки“ вратија со пет поени во серија за (30:33). Но полувремето го „доби“ противникот.

По првиот поен на Поп Димитровска, Баскет Кам 2011 ја врати солидната разлика (37:30). Во Алексиќ ја имаа третата, поентерски расположена кошаркарка. Впрочем во тие 20.минути комплетната прва петорка на девојките во „сино-бела комбинација влезе во протоколот, оној поентерскиот.

Баскет Кам 2011 ја имаше истата предност (49:40), и по 30.минути од играта.

А во последниот период Бадел 1862 со серија од пет поени, најави враќање во големото финале. Трајчевска положи за (45:49), па тренерот на „гостинките“ мораше да побара тајм-аут, по само една и пол минута. Без особен резултат затоа што серијата на „жолто-сините“ продолжи.

За водство (50:49), по подолго време за предизвикувачот, кој за овој финален меч не можеше да смета на својот тренерски предводник Перо Стамески (вирус), а неговото место го зазема асистентот, Анета Глигорова.

Серијата без поени во период од четити и пол минути, ја прекина една од најмладите, Тасевска, за минималец (51:50) за екипата која беше во одбрана на пехарот.

Пуљизовиќ го приближи својот тим до пехарот. Со пет поени во серија (56:52), пред Димова, со тројка, да намали на (55:56). Следуваше положување од Пуљизовиќ, за (58:55). Но Стојановска погоди за нерешени (58:58), на 22 секунди до крајот на финалната средба.

Шутот вреден куп-трофеј, не го погоди Јелена Антиќ, па мораше да се игра продолжение  од пет минути. А во него Кристина Пуљезевиќ го потврди признанието за МВП на финалниот натпревар, му доенсе втор по ред титула на Баскет Кам 2011.