19.02.2022

Фаворитот славеше лесна и убедлива победа над Струга 2009 (80:44)

КУП 2022 – ЖЕНИ: Бадел 1862 е првиот финалист

Кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа до уште едно финале во националниот Куп.

Во првиот полифинален натпревар на турнирот во Скопје, очекувано, славеа победа над екипата на Струга 2009

БАДЕЛ 1862 – СТРУГА 2009      80:44

Лидерската екипа во домашното првенство го најави триумфот во првата четвртина, реално единствената во која стружанки им пружија отпор. Меѓутоа и во таков распоред на силите, „баделки“ остварија двоцифрено водство (23:12). А како одминуваа минутите така слабееше и отпорот на гостинките од Струга. Во вториот период дадоа девет, во третиот исто толку...

На полувремето, фаворитот водеше со двојно повисоки (43:21), на истекот на третиот, недостижни (64:30).

Комплетната прва петорка на Бадел 1862 стигна до двоцифрен број на поени. Стојановска даде 14, Трајчевска Димова и Матие по 12. А Димитријевиќ има уште 11. Поени.

Во екипата од Струга, Модева стигна до десет реализации.

Од 14.30 часот на паркетот во СРЦ „Кале“ ќе истрчаат кошаркарките на Кам Баскет 2011 и на Вардар, една од нив ќе биде противник на Бадел 1862 во големото финале, закажано за недела од 17.часот.