20.02.2022

Вечерва од 17.часот, Баскет Кам 2011 атакува на вториот трофеј, а кошаркарките на Бадел 1862 на четврттиот, под тоа име...

КУП 2022 – ЖЕНИ: Кој ќе биде подобар во „репризата“ од ланското финале?

Двата клуба-финалисти кои денеска ќе го играа финалниот натпревар од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, Баскет Кам 2011 и Бадел 1862 може да се пофалат дека досега го имаат во своите витрини драгоцениот трофеј од ова натпреварување во женскиот сегмент од македонската кошарка.

Погледот низ историјатот на финалните натпревари кажува дека, пред ланското финале кое му припадна, за прв пат, на Баскет Кам од Македонска Каменица, екипата на Вардар ги освои претходните три пехари од националниот Куп, од 2017 до 2019 година. А во претходните три во улога на шампион беше екипата на Бадел 1862.

Од друга страна, популарните „баделки“ беа најдобри во периодот од 2014 до 2017 година.

Како надополнување на низата на Вигор Скопје, чиј „наследник“ е практично составот на Бадел 1862 кој денеска ќе се обиде да дојде до уште еден трофеј во големото финале.

Токму екипата на Вигор Скопје е и најтрофејната во историјата на ова натпреварување. Популарните „вигорки“ досега освоиле девет трофеи, првиот во далечната 1996, а последниот во 2012 година. 

Оттука би следел заклучокот дека токму ова искуство на освојување на трофеи им носи предност во однос на Баскет Кам 2011.

Но ова натпреварување секогаш со себе носи и дополнителна доза на неизвесност, која може да се „појави“ токму и на денешното финале од 17.00 часот (пренос на МРТ) во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Главниот град на Македонија најчесто бил домаќин на завршните турнири од Купот. Овој во „храмот на кошарката“ ќе биде вкупно деветтиот низ историјата.

Пет пати во улога на домаќин и организатор бил Кавадарци, четири пати финалето се играло во Охрид, три пати во Делчево, а два во Струга и во Гевгелија. Честа да ги нагостат најдобрите имале и Битола, Радовиш, Струмица и Куманово.  

Симекс Скопје е првиот освојувач

Кошаркарките на Симекс од Скопје се првите освојувачи на Купот. Во премиерното издание, во 1993 година, во големото финале беа подобри од екипата на Ино Спектар.

На листата на освојувачи, освен Бадел 1862, претходно и како Вигор Скопје, и Вардар, се уште и екипите на Студент од Скопје (1995 и 1997 година), Тиквеш Флорида (1994, 1999 и 2002 година), Водњански Лисици (2001), Клубски од Делчево (2013), како и екипата на Кимико од Струга која доминираше од во периодот од 2003 до 2006 година кога освои четири куп-трофеи во серија. 

КОШАРКАРСКИ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“

 ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ - ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

(година на одржување, град, шампион - вицешампион)

1993 година (прв по осамостојување), Скопје: Симекс Скопје – Ино Спектар

1994 година, Куманово: Тиквеш Флорида – Ино Спектар Студент

1995 година, Скопје: Студент – Тиквеш Флорида

1996 година, Скопје: Вигор Скопје - Студент

1997 година, Радовиш: Студент – Вигор Скопје

1998 година, Кавадарци: Вигор Скопје - Младинец

1999 година, Кавадарци: Тиквеш Фени Мак – Вигор Скопје

2000 година, Скопје: Вигор Бос Скопје – Водњански Лисици

2001 година, Охрид: Водњански Лисици - Вардар

2002 година, Охрид: Тиквеш – Профитнес Охрид

2003 година, Струга: Кимико – Вигор Скопје

2004 година, Струга: Кимико – Вигор Скопје

2005 година, Скопје: Кимико – Изградба Комерц М Скопје

2006 година, Струмица: Кимико – Изградба Комерц М Скопје

2007 година, Битола: Вигор Скопје – Водњански Лисици

2008 година, Кавадарци: Вигор Скопје - Младинец

2009 година, Охрид: Вигор Скопје – Билјана 006

2010 година, Делчево: Вигор Скопје - Младинец

2011 година, Скопје: Вигор Скопје – Вардар Младинец

2012 година, Делчево: Вигор Скопје – Клубски Делчево

2013 година, Делчево: Клубски Делчево – Кросиг

2014 година, Охрид: Бадел 1862 - Кросиг

2015 година, Скопје: Бадел 1862 - Лотос

2016 година, Гевгелија: Бадел 1862 – Лотос Скопје

2017 година, Кавадарци: Вардар – Бадел 1862

2018 година, Кавадарци: Вардар – Бадел 1862

2019 година, Гевгелија: Вардар – Бадел 1862

2020 година: финалниот турнир не е одржан

2021 година, Скопје: Баскет Кам 2011 – Бадел 1862

2022 година, Скопје: ???