Навико Академија ФМП е последниот, четвртти учесник во полуфиналето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Втора година по ред, затоа што вечерва беа подобри од кавадаречки Еуро Никел 2005 (91:88).
На радост на шефот на стручниот штаб, Александар Петровиќ.
„Ова беше тежок и неизвесен меч. Ние имавме контрола над резултатот во текот на целиот натпревар. Го исконтролиравме скокот и мислам дека добро ги затворивме нивните високи играчи. Тука ја гледам нашата победа. Пред се и нашите високи играчи одиграа на високо ниво. Тоа што се договоривме, го испочитувавме. Имавме мали киксови во одбраната, но најважно беше да го исконтролираме скокот, затоа што минатиот меч тие имаа 15 скока повеќе од нас. Сега ни следи меч со ТФТ, прво да преспиеме и да ги оладиме главите, а од утре ќе го ставиме целиот фокус на следниот ривал“ – беше конментарот на тренерот на Навико Академија ФМП.
Филип Бакоч е задоволен од залагањето на неговата екипа, макар што беа забележани одредени осцилации во текот на играта.
„Задоволен сум од залагањето. Имавме доста осцилации во играта, но во клучните моменти бевме стабилни и успеавме да победиме. Ова е еден натпревар, сега ни следи полуфинале со ТФТ и одиме на нова победа“.