18.02.2022 Феникс 2010 ќе игра во полуфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој стартуваше денеска во СРЦ „Кале“. Беше подобар противник од најтрофејниот клуб на овие простори – Работнички. А во полуфиналето ги чека уште потежок ривал, екипата која го брани трофејот во ова натпреварување – МЗТ Скопје Аеродром. Денис Дервишевиќ, кој успешно го води дебитантот во оваа конкуренција, вели дека имале две различни полувремиња во средбата против Работнички. „Играчите влегоа малку опуштено во натпреварот, поради тоа имавме мали проблеми во првото полувреме. Во второто одиграа посериозно и како резултат на тоа дојде убедливата победа. Не сме размислувавме за дуелот со МЗТ Скопје. Но ние сме дебитанти во ова натпреварување и нè чувствувавме никаков притисок. Имаме млада екипа, па ќе видиме што ќе се случи“.