20.02.2022

По 19 години, клубот од Аеродром, може повторно да го помине Работнички

КУП-2022-МАЖИ: Ако го победи ТФТ, МЗТ Скопје ќе биде најтрофеен во историјата

Како резултат на трофеите во последната деценија и шампионскиот менталитет на тимот и клубот воопшто, МЗТ Скопје повторно е во најтесниот круг на фаворити за пехарот во Купот на Македонија.

Аеродромци имаа многу тежок распоред, прво се сретнаа со секогаш незгодниот Гостивар, ја прекинаа неговата серија од шест победи во првенството. Синоќа труимфираа против одличниот Феникс 2010 од кого загубија во првенството, а во големото финале, ривал ќе им биде скопски ТФТ.

Сепак, носителот на тројната круна во домашната кошарка добро знае како се освојуваат трофеите бидејќи во последната деценија не се случило една сезона да остане без пехар, барем во едно од двете натпреварувања (Суперкупот не се играше редовно).

Освен тоа, сега МЗТ Скопје Аеродром има посебна мотивација бидејќи, конечно, може да го помине Работнички по бројот на трофеи во Купот и пак да стане рекордер.

Последен пат, клубот од Аеродром беше во „водство“ со 4-3, од 2000 до 2003 година што значи дека 19 години е зад својот голем ривал или со ист број титули како него. Во моментов, билансот меѓу нив е 10-10, а во последната деценија МЗТ Скопје Аеородром освои дури шест пехари.

Работнички е рекордер и во уште еден сегмент во кој тешко дека наскоро ќе биде соборен. Тој е единствен клуб кој четири пати по ред триумфирал во Купот, од 2003 до 2006 година.

КОШАРКАРСКИ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР“- МАЖИ

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ

1993 година, Кочани, Годел Работнички – Кочани Деликатес 106-84

1994 година, Гостивар: Годел Работнички – МЗТ Хепос 81-49

1995 година, Скопје: Деликатес – МЗТ Хепос 64-61

1996 година, Скопје: МЗТ Скопје – Годел Работнички 69-64

1997 година, Радовиш: МЗТ Скопје – Тиквеш 92-86

1998 година, Кавадарци: Годел Работнички – Орка 81-78

1999 година, Кавадарци: МЗТ БОС Скопје – Никол Ферт 78-73

2000 година, Скопје: МЗТ Скопје – Годел Работнички 68-66

2001 година, Охрид: Никол Ферт – Работнички 72-65

2002 година, Охрид: Никол Ферт – Фершпед Работнички 88-82

2003 година, Скопје: Фершпед Работнички – МЗТ Аеродром 2000 70-68

2004 година, Скопје: Фершпед Работнички – Неметали Огражден 87-73

2005 година, Скопје: Фершпед Работнички – Вардар Осигурување 73-71

2006 година, Струмица: Фершпед Работнички – Вардар Осигурувување

80-78

2007 година, Битола: Вардар Осигурување – Струмица 2005 73-66

2008 година, Кавадарци: Фени Индустри – Струмица 2005 86-83

2009 година, Охрид: Амак СП – Свислион Пелистер 77-60

2010 година, Виница: Фени Индустри – Торус 81-67

2011 година, Скопје: Работнички – МЗТ Аеродром 74-69

2012 година, Скопје: МЗТ Аеродром – Фени Индустри 84-66

2013 година, Скопје: МЗТ Аеродром – Куманово 2009 79-71

2014 година, Охрид: МЗТ Аеродром – Лирија 76-73

2015 година, Скопје: Работнички – Кожув 74-66

2016 година, Гевгелија: МЗТ Аеродром – Карпош Соколи 68-62

2017 година, Кавадарци: Карпош Соколи – Фени Индустри 80-69

2018 година, Кавадарци: МЗТ Аеродром – Работнички 76-67

2019 година, Гевгелија: Работнички – Блокотехна 85-71

2020 година, Купот не е одржан

2021 година, Скопје: МЗТ Скопје-Работнички 77-69

2022 година, Скопје: МЗТ Скопје Аердром – ТФТ ???