Исто како и во ланското издание на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кошаркарите на Навико Академија ФМП застанаа во полуфиналето. Овојпат беа поразени од одличниот состав на ТФТ, на разочарување на шефот на стручниот штаб, Александар Петровиќ:
„Ова беше заслужена победа на ТФТ. Ние потфрливме во секој сегмент, посебно во одбраната, а нападот ни беше дезорганизиран. Тука го гледам поразот. Повеќе желба имаше ривалот од нас, не е дека немавме и ние... но кај нас се виде заморот. Можеби противникот имаше повеќе време за одмор, но тоа не е оправдување, нè надиграа во секој сегмент. ТФТ знаеше што сака во напад, ние игравме со доста дриблинзи, и немавме идеја, па тоа ни донесе пораз“.
Капитенот на Навико Академија ФМП, Лука Стојановски кратко го искоментира неуспехот во полуфиналето:
„Уште во првата четвртина, дозволивме лесни поени и примивме многу поени за прв период. Оттогаш почнавме да бркаме, но шутот ни беше ужасен. Имаме уште многу за работа за продолжението од првенството и да видиме до каде сме“.