17.02.2022

Упатство за следење на натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2022

КУП 2022: Влезот за сите натпревари ќе биде слободен!

Македонската кошаркарска федерација, ја информира јавноста дека влезот, за сите натпревари од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ , ќе биде СЛОБОДЕН.

Поради актуелните здравствени прописи кои важат во нашата земја, капацитетот на салата во СРЦ „Кале“, каде ќе се играат натпреварите, е ограничен на 50%.

По пополнување на предвидениот капацитет, салата ќе биде затворена.

Според протоколите за заштита од Ковид-19, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2,

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните шест месеци, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст

*Во салата не е дозволено да се внесуваат навивачки реквизити, посетителите да се придржувате до препорачаните мерки, одржување на соодветна дистанца на седиштата. Задолжително е носење на маски во текот на натпреварите.