Кошаркарките на Бадел 1862 не успеаја ниту во вториот обид по ред да бидат подобри од екипата на Баскет Кам 2011. Загубија лани, загубија и вечерва, во продолжението од пет минути беше (61:64) за екипата од Македонска Каменица во големото финале на националниот Куп.
„Се потрудив да направам добра замена за Перо Стамески. Во првите две четвртини имавме лош процент на шут. Некако како да имавме трема или можеби замор од натпреварите од ВАБА лигата. Но, тоа не е оправдување. Дојдовме до егал со противникот, го стигнавме по една висока негатива. Но на крајот противникот заслужено победи. Сега ни следи првенството каде сакаме да зададеме контра-удар“- истакна асистент-тренерот на Бадел 1862, коај го водеше својот тим во големото финале, во отсуство на Перо Стамески кој има здравствени проблеми.
Капитенот на „баделки“, Сања Адамовска, го признава поразот, но е убедена дека она што го загубија во Купот ќе го „поправат“ во првенството.
„Честитки за екипата на Баскет Кам 200, прикажаа одлична игра. Ние се трудевме, можевме многу повеќе. Искрено, очекувавме титула од она што можеше да се види не реализиравме зицери и отворени шутеви. Го немавме и тренерот Стамески. Го дадовме максимумот, но тоа е што е, Купот го загубивме, но не е крај на првенството, сега ни следи битка на тој фронт“.