По подолго време, Јелена Антиќ се врати во македонската кошарка. И веднаш, со нејзина голема помош, стигна вториот Куп-трофеј во Македонска Каменица.
„Имавме добар резултат минатата година, а на овој меч Бадел 1862 беше фаворит и среќни сме што собравме сили по вчерашниот тежок меч во кој се истрошивме максимално и со солидна игра дојдовме до трофејот. Честитки за Бадел 1862, но вечерва среќата беше на нашата страна“.
Кристина Пуљезевиќ беше најкорисен играч на финалниот турнир во женска конкуренција. Кошаркарката на Баскет Кам 2011 еализираше висок двон ефект, и сосема заслужено го доби МВП признанието
„Драго ми е што го освоивме Купот, и што ја имавме Антиќ во тимот, па заедно дојдовме до посакуваниот успех. Се надевам дека и во првенството ќе го оствариме ова“- искоментира кратко силната Србинка.