14.02.2023

Ланскиот победник, ТФТ Mozzart го доби Куп-трофејот во трајна сопственост

КУП-2023: Марјан Србиновски: „Ја поканувам публиката да дојде во што поголем број, и сите заедно да уживаме во кошарката“

 

Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Марјан Србиновски го означи за „отворен“ завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ кој од 16. до 18. февруари ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

„Очекуваме добар, квалитетен и неизвесен турнир, ја поканувам публиката да дојде во што поголем број да ја бодри својата екипа, како и неутралните гледачи, да дојдат да уживаат во кошарката. На крај, сакам на сите екипи учесници во Купот да им посакам среќа и на крајот да победи подобриот“ – порача Србиновски на прес-конференцијата посветена за националниот Куп

ТФТ Mozzart го доби Куп-трофејот во трајна сопственост

Екипата на ТФТ Mozzart пред новиот Ф8-турнир во Купот на Македонија го доби трофејот од натпреварувањето кое го освои лани.

 Со сензационална победа над МЗТ Скопје во финалниот меч момците од Тафталиџе дојдоа до одличјето на домашната сцена и ова беше прва титула за клубот во историјата. Марјан Србиновски од Кошаркарската федерација му го врачи трофејот на капитенот Едис Нури.

ТФТ Mozzart оваа сезона во четвртфиналето од Купот го чека дерби-дуел, против градскиот ривал Работнички.