Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Кожув ја имаат таа чест да го отворат 30 издание од Купот, кој трета сезона по ред го носи името на македонската кошаркарска легенда „Благоја Георгиевски-Буштур“.
Кои се очекувањата на тренерот Драган Николиќ, кој од пред извесно време е предводник на екипата од Аеродром.
„Задоволство ми е што повторно сум дел од вакво натпреварување кое е доста специфично, во кое можеш во четврток да дојдеш со едно очекување, внимание и желба, а во сабота да завршиш со друга реалност, или да го освоиш првиот пехар. Нашите амбиции се да ги освоиме пехарите, но во Купот има три ‘лизгачки скалила’ и мора да бидеме внимателни“- внимателен е шефот на стурката на „сино-белите“.
На другата страна од теренот ќе биде Александар Јончевски, актуелен селектор на нашата сениорска репрезентација, и шеф на стручниот штаб на екипата од Гевгелија.
„После одредена пауза Кожув повторно е на мапата на завршниот турнир во Купот. Со задоволство го исчекуваме натпреварот, играме против фаворитот МЗТ, проект кој е создаден да игра успешно во АБА. Не треба многу да се говори за квалитетот за противникот, ние имавме квалитетни натпревари на домашната сцена во лигата, и се надевам дека ќе ја повториме играта. Само така може да се надеваме на позитивен исход. Исто така, целиот турнир сакам да биде добар, па им посакувам добра игра и многу среќа на сите учесници“ – смета Јончевски пред првиот четвртфиналент натпревар во четврток од 12.часот.
Нешто подоцна (14.30 часот), за место во полуфиналето ќе разигруваат екипите на Гостивар и Феникс 2010
„Ние како клуб, како Гостивар, одиме чекор по чекор. Првата пречка е Феникс 2010, екипа од која доживеавме тежок пораз. Ги анализиравме добро, и ако нашите играчи дадат 100% во напад и одбрана имаме добри шанси да ја вратиме нашата екипа на победнички патеки и да дојдеме до полуфинале“ – кажа на прес-конфернеицјата, Љупчо Малинков, првиот тренер на екипата од Гостивар.
„Ние сме втора година на овој настан. Минатата година бевме дебитанти и загубивме во полуфиналето од МЗТ Скопје. Оваа година сме дојдени тука да играме финале, нема да се предадеме против никого. Се игра еден меч, мора да сме внимателни и се надеваме дека ќе ги оствариме целите“ – како и секогаш, оптимистички настроен е Денис Дервишевиќ, шефот на струката на Феникс 2010.