Големо беше задоволството во редовите на Феникс 2010 по победата во трилер-мечот против Гостивар (72:70), која ги однесе „жолтите“ во полуфиналето од националниот Куп.
„Одигравме претходно меч со Гостивар во првенството кој го добивме доминантно. Влеговме поопуштено во мечот, но противникот беше мотивиран за одмазда. На крајот успеавме да се вратиме и да добиеме мечот. Игравме со двајца нови играчи кои дојдоа пред еден ден, малку бевме ‘тенки’ во ротацијата, но верувам дека како одминува времето ќе бидеме подобри. Јас како карактер секогаш одам на победа, без разлика кој ни е ривал, тука сме дојдени да играме финале“- коментираше Денис Дервиѓевиќ, тренерот на Феникс 2010 по пласмнаот во следната рунда.
Марин Петков ја погоди веројатно и најважната тројка во својата кариера која е на самиот почеток:
„Клучна за оваа победа беше одбраната и самодовербата кај играчите. Знаевме дека ќе има неизвсен меч, игравме до последна секунда и успеавме да победиме. Очекувавме и посакувавме победа, но во Купот ништо не се знае до крајот, се е можно, затоа ова натпреварување е интересно“.