МЗТ Скопје го врати трофејот од Купот на македонија во своите витрини во Аеродром. Во финалето, беше подобар од Феникс 2010 (89:73), и по 11 пат го освои пехарот.
„Немам зборови за ова финале, сакам да им се заблагодарам за сите на честа во Македонија. Феникс го направи финалето големо, одигра доста добар натпревар овој тим, беше убав и за публиката и за македонската кошарка. Горд сум на клубот, мојот стручен штаб, играчите на прво место, навивачите секако. И ова е само прв наш чекор во оваа сезона, имаме уште две големи цели да оствариме и би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега“- искоментира тренерот кој сега има две куп титули во Македонија.
ДАМЈАН СТОЈАНОВСКИ:„ Вакви натпревари и полни сали ни се потребни, за македонската кошарка да оди напред“
„Најважно ни беше да ог освоиме Купот, затоа што завршниците секогаш се тешки за играње. Еден меч е, немаш право на кикс и секој секого може да го изненади. Затоа знаевме дека до крај мора да играме 100%, ако го сакаме пехарот. Ова беше добра претстава, добра организација. Вакви натпревари и полни сали ни се потребни, за македонската кошарка да оди напред.