17.02.2023

Изјави по натпреварот Феникс 2010 - Пелистер

КУП 2023-МАЖИ- Марјан Илиевски:„Загубивме на почетокот на натпреварот“

Пелистер не успеа да направи уште едне чекор, и да обезбеди пласмна во финалето. Иако рано влегоа во резултатска негатива, „зелено-белите“ се вратија, дури и премина во водство, но на крјаот мораше да му честитаат на противникот.

„Одигравме еден натпревар кој изобилуваше со многу поени. Ние практично во почетокот го загубивме натпреварот со 17 разлика, која подоцна успеавме да ја стигнеме. Сето останато што се случуваше на паркетот, не сакам да го коментирам. Купот е организација за сите љубители на кошарката, му честитам на организаторот, но мора да потенцирам дека треба да се стави крај на циркузантите да го расипуваат сето ова. Се појавуваат екипи кои создаваат една слика, сосема поразлична од она која била во минатото, а притоа се поддржани од некои играчи чиј однос не е пример за сите оние кои доаѓаат и навистина жалам за тоа“- гласи коментарот на Марјан Илиевски, тренерот на екипата од Битола.

Бобан Стајиќ беше еден од оние кои го врати Пелистер во егал-ситуација:

„Мошне интересен натпревар, ние многу лошо влеговме во дуелот и тука го загубивме. Знаеме дека Феникс е една млада и полетна екипа, ако на почеток ја изедначевме нивната енергија, немаше да имаме проблеми во натпреварот. Но, тоа е, кога во едно Куп-натпреварување ќе се влезе во неизвесен финиш, треба да те послужи и среќата. Овојпат таа беше на нивна страна и им посакувам среќа во финалето. Мораше да го искористиме искуството од оваа сезона што играме на повеќе фронта, но не успеавме“.