16.02.2023

Изјави по натпреварот МЗТ Скопје Аеродром-Кожув

КУП 2023-МАЖИ-Александар Јончевски: „ МЗТ е проект за АБА, ние сме среќни со плеј-оф во домашно првенство“

Екипата од Гевгелија не успеа да го изненади фаворитот, а во исто време и да ја продолжи серијата од четири победи во домашниот шампионат

„Може да се каже дека ова е чесен пораз, ако зборуваме за квалитетот меѓу двете екипи. МЗТ е проект за АБА, ние сме среќни со плеј-оф во домашно првенство. Задоволен сум од некој дел од ангажираноста на играчите во одреден дел од играта, имавме и пропусти кои мора да ги надополниме за да бидеме подобри во домашното првенство. МЗТ е различна екипа од било кој учесник на овој турнир. Се гледа дека се професионалци, мотивирани за секој меч. Минатата сезона на МЗТ му избега Купот, верувам дека нема да направат пак таква грешка“ - коментираше предводникот од клупата на екипата од Гевгелија.

Во име на Кожув по натпреварот говореше и Томислав Петров.

„МЗТ е одлична екипа која игра АБА-лига, располага со голем квалитет. Противникот погоди отворени шутеви, ние не одигравме според планот во одбрана. Немавме што да загубиме, против нас имавме квалитетен ривал“- рече изјави Петров.