Доста драматично, на крајот и помалку тензично, беше во вториот полуфинален натпревар од Купот во СРЦ „Кале“. Во натпревар во кој беше доста ефикасен, во кој беа разменети голем број на тројки, и со доста промени и во играта и во резучтатот на крајот победата ја однесе екипата на Феникс 2010.
„Сакам на сите овие млади момци, на цел клуб, на оваа прекрасна публка, да ѝ се заблагодарам и да ѝ честитам на историскиот успех. Претходниот ден се наслушавме многу желботеки, кој ќе играл финале, и слично и никој не нè стави во уста. За жал, сите тие што имаа ‘желботека’ ќе не гледаат на телевизија“ - изјави по вториот полуфинален натпревар, еден од најдобрите играчи на Феникс 2010, Бојан Трајковски.
Слично нешто изјави и уште еден искусен кошаркар од редовите на новиот финалист, Ивица Димчевски:
„Сите изјави и желби пред овој натпревар нè мотивираа, затоа што никој не нè гледаше, не ни даваше никакви шанси за финале. Тоа беше само мотив плус за нас да изиграме, па сега, утре ќе видиме што ќе биде. МЗТ е добар тим, моќен АБА-лигаш, па ќе видиме што ќе биде“ - рече играчот кој ја даде клучната тројка за триумф.