17.02.2023

Изјави по натпреварот МЗТ Скопје Аеродром-ТФТ

КУП 2023-МАЖИ-Боро Смилковски: „Денеска сигурно разочаравме, проблем ни беше фокусот“

ТФТ не успеа во обидот да ја одбрани титулата во Купот. Екипата која лани ја изненадија, вечерва беше многу подобра од четата која ја предводи Боро Смилковски:

„Пред се, честитки за изданието на МЗТ, мислам дека сите го сведочевме најдобриот нивен настап оваа сезона во мак-баскетот и издание кое сум сигурен дека гарантира опстанок во АБА лигата. МЗТ одигра меч со многу голем физички контакт, можеби ние не бевме подготвени на тоа. Но главниот проблем го давам на недостаток на фокус, затоа што по седум минути игра немавме фокус и не успеавме воопшто да примениме ништо од она кое се договаравме и пред натпреварот и во моментот. Јасно е кога ќе видиш дека противникот има 29 асистенции, 18 тројки, заслужено победи. Денес сигурно разочаравме. Императив е да опстанеме во АБА 2, па нè очекува и домашното првенство каде имаме свои амбиции“

 

Едис Нури, капитенот на ТФТ,  имаше свое видување на случувањата на овој натпревар:

„Кога ја триете ламбата, имате право на три желби. Освоивме Куп, игравме ЛШ и играме во АБА-2. Трите желби се искористени и мора да бараме други работи. МЗТ е гигант, одигра феноменално и како што игравме, не можевме да ги совладаме никако“.