16.02.2023

Изјави по натпреварот Работнички - ТФТ

КУП 2023-МАЖИ-БОРО СМИЛКОВСКИ: „Се надевам дека ТФТ преку ‘вечните’ ќе закаже дуел против Пелистер“

ТФТ помина една голема пречка на патото кон одбрана на пехарот кој го освои во ланското издание на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Вечерва беше подобар од Работнички, а утревечер го чека меч со МЗТ Скопје Аеродром.

„Уште пред стартот на Купот кажав дека очекувам 50-50 натпревар и дека некоја топка и моментална инспирација ќе решава. Навистина беше тешко, отворивме добро... Работнички се врати, а клуч за нас беше третата четвртина кога во дефанзивата покажавме агресивност и дојдовме до лесни транзициски поени, па ја задржавме таа позитива до самиот крај. Ова е прв меч од трите, лани сонувавме за чудо, немојте да мислите дека оваа година не го посакуваме пак. Се надевам дека ТФТ преку „вечните“ ќе закаже дуел против Пелистер“- најави Боро Смилковски по првата победа на турнирот во СРЦ „Кале“.

Виктор Ташовски погодуваше кога на ТФТ му беше потребно да го зададе решавачкиот удар:

„Добро го отворивме мечот, но потоа Работнички фати приклучок и цел меч бевме близу, а во второто полувреме го кренавме нивото и победивме. Не се плашиме од никого, го чекаме мечот со МЗТ Скопје, па подобриот нека победи“.