18.02.2023

Изјави по финалниот натпревар МЗТ Скопје Аеродром-Феникс 2010

КУП 2023-МАЖИ-Денис Дервишевиќ:„Ја остваривме целта, дојдовме да играме финале“

Кошаркарите на Феникс 2010 пружија жесток отпор на далеку поискусниот, со играње вакви натпревари тим на МЗТ Скопје Аеродром. Но не успаја и да направат изненадување. 

„Ние имавме играчи во екипата кои првпат играат вакво финале, од младата школа, без големо искуство. Тоа беше главен проблем. Влеговме во грч, но полека, потоа сите се опуштија. Нашата игра е базирана на македонските играчи, најголема минутажа добија токму тие, нас ни е целта да произведуваме наши играчи и како созреваат, да дојдат резултатите. Ја остваривме целта, дојдовме да играме финале, а во него ниеднаш не се откажавме и 40 минути одигравме машки и борбено. Нам целта ни е АБА-2 лигата во иднина, каде сакаме да ги промовираме нашите млади играчи. А, ако произведуваш квалитетни играчи, резултатите сами ќе дојдат“- изјави предводникот на финалистот – Феникс 2010, Денис Дервишевиќ.

АНДРЕЈ МИТРЕВСКИ: „Ова не е пораз, туку лекција за нас“

„Со оглед на тоа дека ова е прво финале за нас и дека ние сме една млада екипа, ова е искуство. Ние не го гледаме како пораз, туку голема лекција за понатаму. МЗТ влезе многу посилно од нас во мечот, ние влеговме исплашено, а потоа иако се вративме, МЗТ не ни дозволи пресврт затоа што се работи за преискусна екипа. Куп-натпреварувањето е тешко, во три дена се играат три меча, но ние како млади немавме проблем со енергијата, ама искуството си го направи своето. Мој идол е Војдан Стојановски, сега имав шанса да играм против него. Него мора да го земеме како пример од Македонија“- искрено одговори едне од најталентираните македонски кошаркари.