Работнички застана на првото скалило во Купот. Подобри од нив во последниот четвртфинален натпревар беа кошаркарите на ТФТ кои славеа во финишот со резултат (78:73)
„Мислам дека на почетокот на натпреварот го загубивме овој меч. Бевме многу нервозни, надвор од се што договаравме, се правевме спротивно. Не го сопревме Костоски, а потоа, иако се вративме во нападот, во вториот дел имавме добра дефанзива, а нападот беше очаен. Кога играме со тројца плејмејкери не ја движиме топката како што сакаме, а кога играме со висока петорка, не играме како што треба. Овие се такви натпревари во кои енергијата одлучува.
Сега се насочуваме кон првенството, каде сакаме да фатиме што е можно подобра позиција пред плеј-офот. Следи пауза од две и пол недели и мора да реагираме и со некои играчи за да се консолидираме за продолжението на првенството“- искоментира Димитар Мираковски по неуспехот во раната фаза од турнирот во Скопје
Филип Бакоч вели дека не го почитувале договореното:
„Сакам пред се да му честитам на ТФТ за полуфиналето и на моите соиграчи за борбата. Голем дел од работите кои ги договоривме, не ги испочитуваме, мислам тука на тактиката. Мораме уште многу да работиме за да го вратиме Работнички на правите патеки. Работнички е најтрофејниот клуб во Македонија, мора да работиме напорно и да дојдеме до што повисок пласман оваа година во лигата“.