16.02.2023

Изјави по натпреварот МЗТ Скопје Аеродром-Кожув

КУП 2023-МАЖИ-Драган Николиќ: „ Она што денес многу ми фалеше, очекувам да се појави утре, тоа се навивачите на МЗТ, кои прават спектакл“

Очекувано, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до место во полуфиналето на националниот Куп откако без многу проблеми излегоа како победници во мечот со Кожув (80:68)

„Задоволен сум што победивме и сочувавме сила за утрешниот натпревар кој сигурно ќе биде спектакл, со оглед на тоа што каков ривал ќе имаме. Прво, морам да му честитам на Кожув кој остави добар впечаток и на Јончевски да му посакам среќа во квалификациите како селектор и нашата земја да направи голем успех.

Она што денес многу ми фалеше, очекувам да се појави утре, тоа се навивачите на МЗТ, кои прават спектакл. Немаме време, затоа што тоа лета, за помалку од 24 часа имаме дуел и затоа не размислувам многу што и како беше“ - изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарот на аеродромци, Дамјан Робев, вели дека екипата силно ја посакува Куп-титулата:

„Секогаш може подобро од прикажаното, но ние си ја завршивме работата на терен и одиме со чисти глави во полуфинале. Мора да ја подигнеме одбраната на највисокото ниво. Купот е престиж за секој играч тука, посебно за нас, вклучувајќи ме и мене кој го нема освоено во кариерата. Ќе дадеме се од себе ние да бидеме победници“