16.02.2023

Во второто четвртфинале, неизвесна битка до последната минута, и победа на Феникс 2010 против силно мотивираниот Гостивар (72:70)

КУП 2023-МАЖИ: Драмата за Феникс 2010, и место во првата „четворка“

Драматишно четвртфинал одиграа екипите на феникс 2010 и на Гостивар. Беше решено бувкално во последните дваесетина секунди. Најискусниот играч во екипата на Феникс 2010 , Бојан Трајковски погоди две слободни фрлања, еден од намјладите Митревски уште едно,  за минимална победа и место во полуфиналето. 

ГОСТИВАР – ФЕНИКС 2010        70:72

Пипкинс и Вучковиќ (комбинирани 19 поени) ја „влечеа“ екипата од Гостивар во првиот период во кој Феникс 2010 успеа да обезбеди водство. Не високо (23:19) по десет минути од вториот четвртфинален натпревар.

На другата страна функционираше скоро комплетната прва петорка, со исклучок на Американецот Фолден кој остана без поентерски ефект.

Без резултатски отскокнувања се играше и во втората четвртина. Но сепак, феникс 2010 успеа да изгради водство од осум поени (33:25). Но не за долго. Затоа што гостиварци најдоа нашин уште еднаш да му се доближат на противникот. Со шест поени по ред, намалија на (31:33), пред  Митревски да реализира една убава акција во траење од четири секунди и со својот деветти поен во полувремето, да му даде водство на Феникс 2010 (35:31).

Уште поизрамнето се играше во второто полувреме. Во третиот дел од играта се случи и промена на водството. По поентирањето на расположениот Вучковиќ, по четири минути од третата четвртина, Гостивар имаше минимални (37:36), потоа и нешто повисоки (45:42). На Пипкинс и Вучковиќ, им се придружи и Ефремовски (трет двоцифрен играч на „сино белите“), но недостасуваа поените од Корсантиа.

Но Митревски и Димчевски ја вратија предноста, макар и минимална, на страна на Феникс 2010, (46:45). Во следната акција, по поените на новакот, Јанески, и (52:49). Го намали Пипкинс, и постави (51:52) на семафорот.

Нерешено беше (54:54) по тројката на Ефремовски, по нешто повеќе од две минути играње во последната четвртина. Борбените гостиварци притина ауште повеќе, и по новата реализација на Вучковиќ преминаа во водство, сега од (60:57), на 4:40 минути пред крајот.

Таа борбена нота „ги држеше“ избраниците на тренерот Љупчо Малинков до крајот. По забивањето на Митевски, беа поблиску до полуфиналето (66:62). Ги делеа нешто повеќе од две минути...

Во нив две реализации за Феникс 2010 преку Петков и Трајковски, за нов егал резултат (66:66), но и само 1:16 минути за конечно решение – кој оди во полуфиналето.

Ама крајот беше навистина далеку. Прво Петков погоди тројка за (70:67), а по половичниот ефект на Ефремовски од линијата за слободни фрлања, Исајлоски погоди за три поени, и го врати Гостивар во водство (70:69). А потоа, Трајковскик онака, на искуство, изнуди нови две слободни фрлања, ги реализираше, за нова минимална прендост (71:70). Исајлоски не се претвори во херој на Гостивар, не погоди за три поени, а Митревски ја потврди големата победа на Феникс 2010.

Екипата во која Трајковски беше двоцифрен според бројот на поени - 25, но и скокови - 15, Митревски го следеѓе со 16 поени и 6 асистенции, Петков со 11. 

Одлично издание во Гостивар имаше Вучковиќ, кој освен 20. поени направи и 15. скока (плус и три додавања). Ефремовски беше најефикасен поединец со 20 поени (и три скока), Пипкинс заврши со 15 поени и 5.скока, а Корсантиа освен осум поени оствари и десет скока.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-МАЖИ

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув           80:68

Гостивар – Феникс 2010 70:72

17.00: Пелистер – Еуро Никел 2005 (3)

19.30: Работнички – ТФТ (4)

*Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје