17.02.2023

Во полуфинале исполнето со многу пресврти, и играчки и резултатски, го совладаа Пелистер (86:79)

КУП 2023-МАЖИ: Феникс 2010 влегува во историската Куп-читанка, за прв пат ќе игра во финалето!

Оваа вечер, полуфинална од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, и дефинитивно, беше во знакот на шутерите.

Така беше на првиот, а во ист стил продолжија и кошаркарите на Феникс 2010 и на Пелистер, во вториот полуфинален натпревар одигран во СРЦ „Кале“. Реализираа дури 26 тројки (идентично, по 13 на двете страни)

И историска за кошаркарите на Феникс 2010, кои стигнаа до голема победа, вредна играње во финалето, каде утре вечер од 19.30 часот, ги чека МЗТ Скопје Аеродром.

ФЕНИКС 2010 – ПЕЛИСТЕР        86:79

Одлично одработена прва четвртина на кошаркарите на Феникс 2010. Комплетно добро одигра стартната петорка, а во преден план беше ефектот на Амар Хот, кој за седум минути, оние почетните, веќе имаше ефект од 11 поени (пет од пет, во обидите вредни по два поени) и седум скока.

Најава за ефикасни десет минути во кои Феникс 2010 обезбеди сосема солидни, дури и високи (26:17).

Влегувањето на Димчевски донесе дополнителна енергија во екипата на Денис Дервишевиќ. Пет поени без одговор од противникот, ги донесоа до уште повисика позитива, (31:17). Не се задоволија со тоа, дојдоа во поубедлива предност (37:21).

Но репрезентативецот Бобан Стајиќ „спои“ два точни обиди за три поени, доволно за да иницира серија од (11-0) по која Пелистер се врати на едноцифрен минус (32:37).

Сето тоа за нешто повеќе од две минути...

Амар Хот беше човекот за прекин серијата на битолчани. И тој даде две тројки, за враќање на сигурното водство, (43:32). Но и „зелените“ имаа свои офанзивни орудија.

Едно од нив беше Сеад Хаџифејзовиќ, за негова серија, од осум поени, по што Пелистер имаше минус од само три поени, (40:43). Потоа и (44:45) пред Митревски да погоди пред звукот на сирената, со својот 11 поне, постави (47:44), резултат со кој се замина на голем одмор.

Оние 15. минути предвидени за тоа не променија ништо во играта на двете екипи. Напротив, во продолжението беше максимално израмнето. За разлика од првиот дел, ниту еден од двата полуфиналисти не успеваше да креира некоја посериозна предност.

На истекот на третиот квартал, тројката на Димчевски, сепак го одвои Феникс на три поени вишок (66:63).

Ја чуваа, условно кажано, домаќините таа предност и во оној последен дел од играта. Имаа позитива од пет поени (79:74), кога Димчевски погоди уште еднаш од зад линијата 6.75 метри. Потоа беше и (81:76), при влегувањето во последните две минути од второто Куп-полуфинале.

Потегот на вечерта го имаше – Ивица Димчевски. Погоди искусниот бек-шутер нова тројка, овојпат за (84:78), но останаа само уште 60 секунди до крајот.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

РЕЗУЛТАТИ- ПОЛУФИНАЛЕ-МАЖИ

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ    53:31

Феникс 2010 – Пелистер            86:79

18. ФЕВРУАРИ (САБОТА)

16.30: ФИНАЛЕ – ЖЕНИ: Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром

19.30: ФИНАЛЕ – МАЖИ: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010

*Сите натпревари се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје