16.02.2023

Изјави по натпреварот Гостивар – Феникс 2010

КУП 2023-МАЖИ-Љупчо Малинков:„Нијанси решаваа за место во полуфиналето“

Кошаркарите на Гостивар беа многу блиску да се најдат во најдобрите четири од националниот Куп насловен по легендата на македонската кошарка „Благоја Георгиевски-Буштур“. Во драматичен меч, подобра од нив беше екипата на Феникс 2010 која славеше со тесни (72:70)

„Најпрво, сакам да му честитам на Феникс и да му посакам среќа. Мечот беше неизвесен, нијанси решаваа за полуфинале. Игравме на една до две топки на крајот, победи малку и искуството кај противникот, затоа што Феникс го има Бојан Трајковски на пример во екипата“- кратко искоментира тренерот на Гостивар, Љупчо Малинков..

 

 

Виктор Ефремовски признава дека имале некои избрзани шутеви во финишот на средбата:

„Пред се, честитки за Феникс. Имавме некои избрзани шутеви, но на крај игравме на една топка. Имавме предност која ја испуштивме. Во првиот дел не игравме според планот, во вториот бевме далеку подобри, сите го дадовме максимумот“