16.02.2023

Изјави по натпреварот Пелистер – Еуро Никел 2005

КУП 2023-МАЖИ-Марјан Илиевски:„Ќе ја оставиме нервозата зад нас, за утре да изгледаме како што треба“

Екипата на Пелистер се пласираше во полуфиналето на националниот Куп, нешто што не им појде од рака на битолчани во изминатите две години. Таму , за место во финалето ќе се сретнат со екипата на Феникс 2010.

„Самото отворање на мечот беше онака како што се договоривме, од некоја седма минута, па натаму, мечот доби свој тек. Еуро Никел потоа почна да игра порелаксирано и знаеше како да решава во завршница на нападите. Ние за десетина минути примивме 28 поени, а кога имате таков пад, нормално е да има нервоза. Се очекуваше овој меч да биде до последна топка, но цела тензија беше присутна, повеќе кај нас. Но се надевам дека целата таа нервоза ќе замине денес, а веќе од утре ќе изгледаме како што треба.

Морам да им честитам на играчите затоа што три дена сме без услови за тренинг, бидејќи такви беа условите, немавме можност да тренираме како што треба, а и секоја година имаме болни играчи кои го дадоа својот максимум. И ние и Феникс имавме исцрпувачки натпревар. Јас не го искористив целиот ростер, играв со скратена ротација затоа што самата цврстина на мечот не го дозволи тоа. Ја користев тренерската филозофија, се ‘коцкав’, но се надевам дека на следниот меч тие што не играа многу денес, ќе ни дадат една свежина“- искоментира тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски по пласманот во полуфиналето.

Андреј Маслинко беше еден до најдобрите играчи на екипата од Битола:

„Среќни што успеавме до победата. Дојдовме до триумф по 35 минути откако ‘бркавме’ резултат. Задоволни сме како натпреварот заврши за нас. Поставивме зонски пресинг, се вративме назад во зоната, противникот не погоди некои шутеви кои ги реализираше во првиот дел, и така успеавме да го приведеме мечот кон своја корист“.