ТФТ и Работнички не делуваа „цимерски“ во последното четвртфинале од 30. издание од заврнитот турнир од националниот Куп 2Благоја георгиевски-Буштур“.
Во игра со многу осцилации, уште повеќе промени на водството на двете страни, на крајот, екипата на ТФТ се покажа како подобар финишер, и тргна во одбрана на трофејот која го освои ланскиот февруари, на истото место, СРЦ „Кале“.
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 73:78
Бранителот на титулата тргна силовито во последниот натпревар од четвртфиналната фаза. Едноставно делуваа беспрекорно во првата четвртина во која се стекнаа и со двоцифрена предност (21:10) како што беше резултатот по осум минути од играта.
Потоа ТФТ имаше и (23:12), за оние две минути до првиот „мал одмор“, Работнички со шест неодговорени поени од противникот анулира дел од негативата, и крајот на периодот го дочека со доста поприфатливи -5, (18:23).
„Црно-белите“ подобро го отворија и вториот период, поведоа со (29:20). За разлика од противникот, избраниците на тренерот Боро Смилковски многу повеќе се потпираа на шутот од далечина. За 13 минути испалија исто толку обиди вредни по три поени (дадоа четири).

Но, трите тројки на капитенот Марковски, го вратија Работнипки, одново, во игра за поволне резултат. Намали Работнички на (36:38) во 17.минута од мечот кој го даваше противникот на МЗТ Скопје Аеродром во утрешното полуфинале, закажано за 17.часот.
Серијата, сега веќе од (9-0) ја продолжи Форте, па „бело-црвените“ дури и преминаа во водство (40:38).
Возбудливото прво полувреме, исполнето со доста промени на водство сепак заврши со минимални (42:41) за ТФТ.
Дваесет минути во кои Форте и Малешевиќ запишаа по 13 поени, Марковски уште девет за работнипки, додека пак екипата која го брани пехарот, по 11 реализации дојдоа од Костоски и од Бишоп.

Апсолутно ништо не се промени ниту по паузата од 15 минути. Натпреврот кој го даваше последниот полуфиналист беше и повеќе од израмнет. Во тој трет дел од играта ниту еден од двата ривали, и „цимери“ во СРЦ „Кале“ не успеа да се одвои, да поведе со сериозна разлика.
На крајот на третата четвртина се беше еднакво како и на истекот на втората. ТФТ имаше „половина кош“ предност (57:56).
И уште еднаш, на почетокот на последната четвртина, екипата од Тафталиџе почна подобро. Оствари плус од пет поени (63:58).
Налетот на Ташовски, за момент го запре Малешевиќ (60:65), по што следуваше и тројката на потенцијалниот репрезентативец од редовите на ТФТ за највисоки (68:60) во второто полувреме. Имаа и (70:62), но свои „математики“ имаа и кошаркарите на Работнички. На 2:19 минути пред крајот, Форте макар и половичен од линијата за слободни фрлања го доближи својот тим на (67:70).
Многу важна тројка, деветта тимска за ТФТ, даде Батрик за (73:67).

Многу важна тројка, деветта тимска за ТФТ, даде Батрик за (73:67).
На поените на Малешевиќ, одговори Костоски, со две реализирани слободни фрлања, за (75:69). Батрик зголеми и на (76:69) и ги натера ривалите да форсираат „брз напад“.
Без успех...
ТФТ е во полуфиналето, следна пречка е „вториот дел“ од “вечните ривали“, МЗТ Скопје Аеродром.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
РЕЗУЛТАТИТИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ-МАЖИ
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 80:68
Гостивар – Феникс 2010 70:72
Пелистер – Еуро Никел 2005 79:70
Работнички – ТФТ 73:78
17. ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
12.00: Баскет Кам 2011 - Бадел 1862
14.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
ПОЛУФИНАЛЕ - МАЖИ
17.00: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ
19.30: Феникс 2010 – Пелистер
*Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје