Финалниот натпревар од 30 јубилејно издание на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, донесе квалитетна кошарка.
И играчка супериорност на екипата која заедно со Работнички, има и најголем број на освоени трофеи во ова натпреварување. Имаа доста добар противник пред себе во битката за трофејот во екипата на Феникс 2010. Но ја оправдаа фаворитската улога. Во своето 15 учество во големиот финале, „сино-белите“ од Аердром стигнаа до 11 трофеј во клупската историја, со кој сега се на првото место во историјатот на досегашни освојувачи на националниот Куп.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010 89:73
Веројатно и премногу импресионира од важноста на натпревар влегоа кошаркарите на Феникс 2010. И оправдано, ако се земе в предвид дека за прв пат дојдоа до шанса да се борат за еден голем трофеј, како оној наменет за победникот во Купот на Македонија, а освен тоа се најдоа и во улога на предизвикувач на екипа која во своите витрини има двоцифрен број на Куп-трофеи – десет.
Во тој стил беше и отворањето на големото финале во СРЦ „Кале“.
Онаму каде што застанаа во финалето, популарните „металци“ продолжија и во битката за пехарот. Да погодуваат од далечина (имаа 5/9 во уводните минути од финалната пресметка), момент кој ги внесе во „зоната на комфорот“, сето тоа заедно за двојно поголеми (28:14) по десет минути игра.
Им требаше доста време на избраниците на Денис Дервишевиќ да „се појават“ во финалето. Доста добро почнаа во вториот период, двете тројки на Димчевски и Митревски, им донесоа уште поголема самодоверба. Негативата ја спуштија на едноцифрена (27:35), беше уште пониска кога Димчевски погоди уште еднаш од истата позиција (30:37) по 15 минути игра.
Но тоа беше максимумот на дебитантот во финалнито меч. Или подобро кажано, аеродромци имаа офанзивни решенија, за да го одбранат тој налет, особено на Димчевски (за кратко време реализираше 14 поени).
Во наредните три минути имаа (11-5), доволно да се одвојат на (48:35). Дел од нив „симна“ Петков, кој постави (48:37) на полувремето.
Во продолжението, поентерската улога во Феникс 2010 ја презема играчот со најголем број на минути – Бојан Трајковски. Беше иницијатор на серијата која го донесе неговиот тим блиску до нерешен скор.
За кратко време дојде до бројката од 22 поен, а по реализацијата на Димчевски, и предизвикувачот беше во негатива од само четири поени (60:64).
Како најава дека оние три минути кои останаа да се доиграат во третата, и наредните десет од четвртата може да се претворат и во повеќе од возбудливи.
Браќата Стојановски го одбија тој напад, го вратија МЗТ Скопје на двоцифрен плус од (71:61) по три одиграни периоди од финалето.
Привидно, МЗТ Скопје беше доста поблису до новиот трофеј, но противникот не дигна знак за предавање.
Напротив, по новата тројка на Димчевски, се вратија на едноцифрена негатива (71:80), кога останаа да се доиграат нешто повеќе од четири минути. Но немаа сили за нов обид, и за ново враќање во трката за пехарот.
МЗТ Скопје Аеродром е новиот освојувач на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“!
МВП наградата во рацете на Војдан Стојановски
Одигра најконстатно во трите натпреваруваќки денови капитенот на нашата сениорска репрезентација. беше и најдобар кога беше најпотребно да му донесе нов трофеј на МЗТ Скопје Аеродром
Војдан Стојановски, заслужено, го добо признанието за најкорисен играч на 30 завршен турнир од Купот „Благоја Георгиевски“. Одигра 31:57 минути во големото финале, реализираше 16 поени (5/10 од поле, и 4/4 од линијата за слободни фрлања), заедно со осум скокови, три асистенции за 23 индексни поени.