15.02.2023

...

КУП 2023: Влезот за сите натпревари ќе биде слободен!

Македонската кошаркарска федерација, ја информира јавноста дека влезот за сите натпревари од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2023, ќе биде СЛОБОДЕН.

Мотив повеќе за сите искрени љубители во наредните денови да дојдат во салата на СРЦ „Кале“, каде ќе се играат натпреварите во двете конкуренции, вкупно десет преку кои ќе ги добиеме новите освојувачи на трофејот наменет за најдобрите две екипи во Купот.

Возбудувањата стартуваат на 16.февруари (четврток), од 12 часот, кога се игра првиот четвртфинален натпревар, а ќе кулминираат на 18.февруари (сабота), кога на програмата се двете финални средби, од 16.30 часот во женска, и од 19.30 часот во машка конкуренција.