Трета година по ред Бадел 1862 останува без трофејот во Купот. И по трет пат пречка за тоа беше екипата на Баскет Кам 2011 која го доби денешниот полуфинален натпревар.
„Пред се, сакам да честитам заслужена победа на тимот на Баскет Кам 2011. Од почетокот до крај одиграа според план, а ние не го одигравме она кое што го правевме на тренинзите. Тука е малку присутно и неискуството на младите кошаркарки. Но тоа е што е, одиме понатаму во домашните предизвици да бидеме подобри“- изјави искусниот предвдник на „баделки“.
Сандра лазаревска смета дека можеле многу подобро во овие 40 минути од полуфиналето.
„Можевме многу подобро. Но мечот сега е готов и ни останува да работиме многу понапорно. Годинава имаме голем предизвик, со подмладена екипа. Девојките се способни и можат, можеме да победуваме, но мора да поправиме некои работи. На финалистите им посакувам добар меч и нека победи подобриот“.