17.02.2023

Изјави по натпреварот Вардар-МЗТ Скопје Аеродром

КУП 2023-ЖЕНИ-Александар Ашаданов:„Тешко полуфинале за нас, нема да бараме алиби, треба да се консолидираме“

Вардар имаше одлично прво полувреме, но застана во второто и на крајот го загуби полуфиналниот натпревар со екипата на МЗТ Скопје Аеродром.  

„Најпрво сакам да и честитам на екпата на МЗТ и да и посакам среќа во утрешното финале. Тешко полуфинале за нас после период каде голем дел од играчите беа болни и повредени, но нема да бараме алиби на нас е да се консолидираме и да ги поправиме грешките за престојниот дел од сезоната. Се надевам на супер финале утре и нека победи подобриот“- искоментира шефот на стручниот штаб, Александар Ашаданов.

Славица Наков уште еднаш беше предводник, вистински лидер на Вардар. Но овојпат тоа не беше доволно за нејзината екипа стигне до триумфот :

„Прво, сакам да му ја честитам победата на МЗТ и да им посакам среќа во финалето. Ние многу добро го отворивме натпреварот иако се соочувавме со мали проблеми поради повреди и болести. Имавме кратка клупа, потоа дојдовме до 12 поени позитива. Но падна концентрацијата, влеговме во проблеми со лични грешки...

Младите играчи кои беа на терен го дадоа максимумот, но ете, противникот имаше и мала доза на среќа, погоди неколку тешки шутеви. Ние играме со релативно млада екипа. А јас како најискусна во екипата се обидувам да го пренесам моето искуство кај помладите. МЗТ во составот има две одлични американски имиња, сметам дека другите клубови треба да го следат тоа за да имаат децата од кого да учат“.