18.02.2023

Американката доминираше и на двата натпревари на завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“

КУП 2023-ЖЕНИ: Џој Симонс е најкорисна кошаркарка на финалето

Кошаркарката на МЗТ Скопје Аеродром, Џој Симонс, беше прогласена за најкорисна на завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Искусната Американка презентираше квалитет и на двата натпревари кои нејзината екипа ги одигра, и ги доби на турнирот во СРЦ „Кале“. А во финалниот натпревар го надгради она што го постигна во полуфиналето, против Вардар.

Ги одигра сите 40 минути, притоа реализираше дабл-дабл ефект изразен со 24 поени и 12 скока, сосема заслужено го доби МВП признанието од рацете на македонската кошаркарска легенда Ѓорѓи Чековски, сега во улога на тим-менаџер на сениорскиот национален тим.