17.02.2023

Во друштвото на најдобрите три екипи, на овој турнир има место и за дебитантот МЗТ Скопје Аеродром

КУП 2023-ЖЕНИ: Може ли Баскет Кам 2011 да направи хет-трик?

Три клуба од четирите финалисти кои денеска ќе го стартуваат финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, може да се пофалат дека досега го имаат во своите витрини драгоцениот трофеј од ова натпреварување во женскиот сегмент од македонската кошарка.

Погледот низ историјатот на финалните натпревари кажува дека Баскет Кам 2011 си најде свое место во историјата откако победи на последните два турнири одржани во СРЦ „Кале“.

Екипата на Вардар освои три пехари од националниот Куп, од 2017 до 2019 година. А во претходните три во улога на шампион беше екипата на Бадел 1862. „Баделки“ беа најдобри во периодот од 2014 до 2017 година.

Како надополнување на низата на Вигор Скопје, чиј „наследник“ е практично составот на Бадел 1862 кој денеска ќе се обиде да дојде до уште едно учество во големото финале.

Токму екипата на Вигор Скопје е и најтрофејната во историјата на ова натпреварување. Популарните „вигорки“ досега освоиле девет трофеи, првиот во далечната 1996, а последниот во 2012 година. 

Но ова натпреварување секогаш со себе носи и дополнителна доза на неизвесност, која може да се „појави“ токму и на денешните два полуфинални натпревари во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Главниот град на Македонија најчесто бил домаќин на завршните турнири од Купот. Овој во „храмот на кошарката“ ќе биде вкупно деветтиот низ историјата.

Пет пати во улога на домаќин и организатор бил Кавадарци, четири пати финалето се играло во Охрид, три пати во Делчево, а два во Струга и во Гевгелија. Честа да ги нагостат најдобрите имале и Битола, Радовиш, Струмица и Куманово.   

Симекс Скопје е првиот освојувач

Кошаркарките на Симекс од Скопје се првите освојувачи на Купот. Во премиерното издание, во 1993 година, во големото финале беа подобри од екипата на Ино Спектар.

На листата на освојувачи, освен Бадел 1862, претходно и како Вигор Скопје, и Вардар, се уште и екипите на Студент од Скопје (1995 и 1997 година), Тиквеш Флорида (1994, 1999 и 2002 година), Водњански Лисици (2001), Клупски од Делчево (2013), како и екипата на Кимико од Струга која доминираше од во периодот од 2003 до 2006 година кога освои четири куп-трофеи во серија. 

Последните два трофеи ги освои Баскет Кам 20111, во двата случаи во финалето, екипата од Македонска Каменица беше подобра од Бадел 1862.

Златко Гоцевски (тренер на Баскет Кам 2011): „Секој си има свои калкулации, ние веруваме дека ќе бидеме шампиони“

„Сакам на сите да им посакам среќа на овој настан. Околу женскиот дел во Купот, шансите кај четирите екипи се подеднакви за титулата и очекувам неизвесни натпревари. И двете полуфиналиња се квалитетни, наши желби и очекувања се да го освоиме Купот. Секој си има свои калкулации, но ние веруваме дека на крајот ќе бидеме шампиони“

Александар Ашаданов (тренер на Вардар):„Сакам оваа година да биде успешна за нас“

„На сите им посакувам успешни натпревари. Се надевам дека ќе биде драматично и кај мажите и кај дамите, ние како екипа сме на завршните четири и посакувам оваа година да биде успешна за нас во ова натпреварување“

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ

(година на одржување, град, шампион - вицешампион)

1993 година (прв по осамостојување), Скопје: Симекс Скопје – Ино Спектар

1994 година, Куманово: Тиквеш Флорида – Ино Спектар Студент

1995 година, Скопје: Студент – Тиквеш Флорида

1996 година, Скопје: Вигор Скопје - Студент

1997 година, Радовиш: Студент – Вигор Скопје

1998 година, Кавадарци: Вигор Скопје - Младинец

1999 година, Кавадарци: Тиквеш Фени Мак – Вигор Скопје

2000 година, Скопје: Вигор Бос Скопје – Водњански Лисици

2001 година, Охрид: Водњански Лисици - Вардар

2002 година, Охрид: Тиквеш – Профитнес Охрид

2003 година, Струга: Кимико – Вигор Скопје

2004 година, Струга: Кимико – Вигор Скопје

2005 година, Скопје: Кимико – Изградба Комерц М Скопје

2006 година, Струмица: Кимико – Изградба Комерц М Скопје

2007 година, Битола: Вигор Скопје – Водњански Лисици

2008 година, Кавадарци: Вигор Скопје - Младинец

2009 година, Охрид: Вигор Скопје – Билјана 006

2010 година, Делчево: Вигор Скопје - Младинец

2011 година, Скопје: Вигор Скопје – Вардар Младинец

2012 година, Делчево: Вигор Скопје – Клубски Делчево

2013 година, Делчево: Клубски Делчево – Кросиг

2014 година, Охрид: Бадел 1862 - Кросиг

2015 година, Скопје: Бадел 1862 - Лотос

2016 година, Гевгелија: Бадел 1862 – Лотос Скопје

2017 година, Кавадарци: Вардар – Бадел 1862

2018 година, Кавадарци: Вардар – Бадел 1862

2019 година, Гевгелија: Вардар – Бадел 1862

2021 година, Скопје: Баскет Кам 2011 – Бадел 1862

2022 година, Скопје: Баскет Кам 2011 – Бадел 1862

2023 година, Скопје: ???